Connect with us

Фудбал

ФОТО: Наполи задоволен, се подготвува нов договор за Елиф Елмас

Како што објави италијанскиот „Ил Матино“, Елиф Елмас наскоро ќе го продолжи договорот со Наполи. Според информациите, раководството на тимот, но и Џенаро Гатузо се задоволни од неговиот учинок, односот на теренот, залагањата, па соработката ќе продолжи. Новиот договор, секако ќе биде и финансиски подобар од сегашниот. Актуелниот договор на Елмас му истекува летото 2024 година.

Новиот договор би бил продолжен за уште една година, но промената би се случила пред се поради финансиските услови. 20 годишниот македонски репрезентативец во Наполи дојде во 2019-та година од Фенербахче.