Фудбал
ФОТО: Не му требаше долго – Наинголан ги „замрси“ односите со навивачите на Интер
Кариерата на Раџа Наинголан во дресот на Интер не започна најдобро.
Белгискиот фудбалер кој стигна од Рома како големо засилување се повреди и не беше во можност да дебитира за „Нероазурите“ во првиот натпревар од новата сезона против Сасуоло во кој неговиот тим беше поразен (1:0).
Наинголан е познат по „лудите“ забави и честите испади надвор од теренот. Додека го носеше дресот на Рома беше редовен во ноќните излегувања, а така започна и во Интер.
Фотографијата на која се наоѓа Наинголан е во еден ноќен клуб каде се забавуваше до утринските часови. Набрзо потоа стигнаа осудите и провокациите на навивачите на Интер, а 30-годишниот играч од средниот ред имаше што да одговори.
„На работа ќе бидам подготвен, се останато е ср**е“, напиша Наинголан на Инстаграм.
Меѓутоа, со навивачите на интер започна на навистина лош начин, а се знае дека тие тешко ќе му простата на некого кој не го носи дресот на „Нероазурите“ со срце.
Gepostet von Bergamo de noche am Montag, 20. August 2018