Connect with us

Тајмаут

ФОТО: Не се сите фудбалери „луди“ по спонзоруши, некои бараат вистински вредности

Египетскиот фудбалер Мохамед Салах го одушеви фудбалскиот свет минатата сезона со своите игри во дресот на Ливерпул и ги освои срцата на љубителите на најважната споредна работа на светот.

Овој 26-годишен фудбалер заслужено е најдобар играч во Премиер лигата во минатата сезона, а исто така беше и најдобар стрелец со 32 голови. Салах во сезоната зад нас постигна импресивни 44 гола во дресот на „Редсите“, па сигурно беше едно од најпозитивните изненадувања во светот на Фудбалот откако од Рома премина во редовите на Ливерпул.

За тоа дека Салах имаше одлична сезона во Ливерпул најдобро го покажува фактот дека УЕФА го стави Салах меѓу тројцата најдобри фудбалери во Европа и дека за титулата најдобар играч се бори со Роналдо  и Лука Модриќ, а зад него остана Лионел Меси. Сепак многумина е „љубопитни“ за тоа што се случувам случува во приватниот живот на Египќанецот затоа што во јавноста нема многу информации за него.

Она што ги интересираше многу девојки во Англија е љубовниот статус на Салах, но останаа разочарани кога дознаа дека тој веќе пет години е во брак. Салах се ожени во 2013. година, а неговата сопруга се вика Маги. Венчавката се одржа во Нгрид во Египет по муслимански обичаи, а присуствуваа неколку илјади гости.

Салах и неговата сопруга имаат ќерка која се вика Мака, а името го добила по светото место Мека. Тие се запознаа уште кога беа тинејџери во училиштето „Басион Гарбиа“. За Маги не се знае многу, а на нејзиниот приватен профил на Инстаграм пишува само дека нејзината професија е „биотехнолог“, а има 473 пријатели. Таа во јавност беше излезена на крајот на минатата сезона на последниот натпревар од Премиер лигата, заедно со ќеркичката Мака, а често е на трибините на „Енфилд“ од каде го бодри својот сопруг.