Connect with us

Фудбал

ФОТО: Официјален тренинг на Македонија пред утрешниот натпревар

Македонската фудбалска репрезентација го одработи официјалниот тренинг, последен пред утрешната пријателска средба против Словенија. Мечот започнува во 18:00 часот, а како што е познато влезниците се веќе пуштени во употреба. Според ковид протоколите дозволено ќе биде само 30 отсто од вкупниот капацитет на стадионот „Тодор Проески“. Според планот пред патувањето на ЕП, треба да се одигра пријателска средба со Казахстан.

Влезниците се пуштено во продажба преку Mk Tickets, официјалниот партнер за продажба на билети, од сабота, 29. мај.

Влезниците чинат 300. денари за јужната трибина и 200 денари за источната трибина од Националната арена „Тодор Проески“.