Connect with us

Тајмаут

ФОТО: Оргии на репрезентативците пред Светското првенство

Девет репрезентативци на Мексико организира голема забава пред да заминат на Светското првенство во Русија, а притоа ги користеле услугите на триесет проститутките.

Мексиканската телевизиска станица „TVNotas“ објави фотографии во кои се прикажани мексикански репрезентативци на приватна забава организирана по пријателскиот натпревар против Шкотска.

Сепак, за ова нема да следуваат санкции. Тоа беше потврдено од страна на Мексиканската федерација.

„Денот на одмор е ден на одмор, тоа е ризикот што го добивате со слобода“; рече генералниот секретар, Гилермо Канту.

Меѓу играчите кои се најдоа на забавата се познати лица, како Џовани и Џонатан дос Сантон, Гилермо Оче, Раул Хименес…

Репрезентацијата на Мексико во саботата игра пријателски натпревар против Данска пред да замине во Русија, а на Мундијалот е во групата Ф со Германија, Јужна Кореја и Шведска.