Connect with us

Тајмаут

ФОТО: Ова е девојката со која Дејвид Бекам ја изневерил Викторија, еднаш и никогаш повеќе!

Дејвид Бекам важеше, но и се уште, барем според мислењето на голем број жени во светот, за голем заводник. Сепак, уште во раната фаза од животот одлучил да се смири, па со пејачката Викторија Адамс е во брак веќе 21 година.

Во текот на играчката кариера, Бекам се поврзуваше со бројни жени. Меѓутоа Викторија цврсто го чуваше, но сепак во 2003-та година ги искористил нејзините обврски, па ја изневерил.

Во 2003-та година во Мадрид е „уловен“ со асистентката Ребека Лус . По лудата журка во хотелот, завршиле во неговиот апартман, а сето тоа го забележале папараците.

Очекувано, Бекам и Ребека завршиле на насловните страници, а Викторија збеснала. Одлучила да преземе се во свои раце, ја отпуштила Ребека, а на Дејвид јасно му порачала дека ова е прв и последен пат тоа да го стори.

Одлучила да му прости. Приказната на тој начин била „скриена“, но подоцна е самата Викторија изјавила дека оваа афера не ја нарушила, туку ја зацврстила нивната врска и брак.

Ребека по ова станала старлета. Се појавуваше на разни реални програми, а се фотографирала и за бројни магазини за возрасни.