Connect with us

Фудбал

ФОТО: Ова се документите кои биле подготвени за голем трансфер на Роберт Левандовски

Одличниот полски напаѓач веќе со години е еден од најдобрите фудбалери на неговата позиција во светот. Со Баерн Минхен во изминатите шест сезони освои се што можеше да се освои.

Меѓутоа многу лесно можело да се случи Роберт Левандовски никогаш да не го облече дресот на германскиот првак. Во декември 2013-та година добил договор од Реал Мадрид, меѓутоа во тоа време не можел да го потпише бидејќи во тој момент имал повеќе од шест месеци од истекот на договорот со Борусија Дортмунд.

Реал Мадрид на полскиот напаѓач му испратил комплетен договор. Се било подготвено, но не смеел да го потпише поради правилата.

Потоа се вмешал Баерн Минхен. Баварците на време реагирале и на крајот популарниот Лева останал во Германија и потпишал договор со најголемиот клуб на таа земја.