Фудбал
ФОТО: Оваа слика е доволен доказ дека на расизмот не му е местото во фудбалот
Исланд и Гана во четвртокот го одиграа пријателскиот натпревар кој заврши со нерешен резултат.
Натпреварот заврши со резултат 2:2. Исланд водеше, а головите ги постигнаа Арнасон и Финбогасон додека за Гана, головите ги постигнаа Нуху Касим и Томас Партеи.
Овој натпревар за „Викинзите“ послужи како последен тест натпревар пред СП во Русија, но еден интересен детаљ го одбележа овој натпревар.
Имено, некои од репрезентативците на Гана забележаа дека на некои деца откако излегоа на теренот многу му застуди, па тие ги соблекоа нивните тренерки и ги нагрнаа на децата на кои му студеше.
Навистина, ова е потег за секаква пофалба!
Öðlingar, eins og Tyrkirnir um árið. Lánuðu krökkunum jakkana sína í úðanum! #fotboltinet pic.twitter.com/LxymXYvfER
— Eyjólfur Garðarsson (@EyjolfurGardars) June 7, 2018