Connect with us

Тајмаут

ФОТО: Плејбој зајачица добива пораки од фудбалер на Јунајтед-Многу е пристоен и фин

Плејбој зајачицата Лаура Брагато,на италијанските медиуми открива дека постојано добива пораки, но и дека се допишува за фудбалер на Манчестер Јунајтед Џеси Лингард.

-Лингард е навистина скромно момче. Нема кај него ниту најмала препотентност. Со двете нозе стои цврсто на земја, многу е пристоен и фин. Но, и надарен во својата работа, вели таа.

Лингард подолго веме и пишува пораки, а така е и за време на карантинот поради коронавирусот, но дали се обидува да ја заведе, Италијанката не открива.

И таа во моментов е во Лондон каде што работи како модел, но сепак и таа деновите ги минува во карантин.

Освен тоа што е модел, познато е дека слаба точка и е фудбалот, но и фудбалерите, поради тоа постојано се фотографира во дресови од најпознатите италијански клубови.