Connect with us

Фудбал

ФОТО: Подготовките завршија, на победа против Ерменија

Македонската фудбалска репрезентација ги одработе мини подготовките за првата пресметка од новиот циклус на Лигата на нации. Противник е Ерменија, а дуелот се игра утре во 15:00 часот на арената „Тодор Проески“ во Скопје, се разбира без публика.

За три дена следува уште еден меч, а тоа е против Грузија. Планирани се шест бода од овие дуели, кои ќе послужат како подготовка и загревање за натпреварот против Косово во октомври во рамки од плеј-офот од минатата сезона од Лига на нации за пласман на ЕП. Доколку овој меч биде добиен, тогаш се игра финалето со еден од победниците од Белорусија и Грузија.

ФОТО: ФФМ