Connect with us

Тајмаут

ФОТО: Поранешниот шеф на Формула 1 ќе наполни 90 години, но чека дете со 44 помладата Фабијана Фоси

Берни Еклстон во октомври ќе наполни 90 години. Тој е поранешен шеф на Формула 1, најбрзиот „циркус“ во светот. Според „Форбс“ во моментов тежи 3,2 милијарди долари.

Од 2017-та е во пензија, а се чини дека ужива во пензиските денови. Сепак, наместо со внуци, тој чека свое дете. Светските медиуми објавија дека тој и неговата 46 години помлада сопруга Фабијана Фоси чекаат бебе, а според очекувањата треба да се породи во јули месец.

Самиот тој за светските медиуми ја потврди информацијата.
Еклстон веќе има три ќерки од претходните бракови, Дебора која има 65 години, Тамара која има 35 и Петра која има 31 година.