Connect with us

Фудбал

ФОТО: Прогласен најдобриот играч во Италија, но тоа не е Роналдо, ниту најдобриот стрелец Имобиле

Покрај освоената девета титула во низа, аргентинскиот фудбалер Пауло Дибала има причини за уште една радост. Имено, тој според оценките кои ги добил на мечевите кои ги одиграл прогласен е за најдобар фудбалер во Серие А за изминатата сезона. Многумина очекуваа дека тоа ќе биде Кристијано Роналдо кој е втор стрелец во лигата, или пак првиот стрелец Чиро Имобиле, но сепак признанието најдобар за сезоната 2019/2020 му припадна на Пауло Дибала.

Ова се најдобрите:

Голман: Војчех Шчесни – Јувентус

Одбрана : Стефан Де Врај –Интер

Среден ред: Алехандро Папу Гомез – Аталанта

Напаѓач: Чиро Имобиле – Лацио

Млад фудбалер: Дејан Кулушевски – Парма

Играч на сезоната: Пауло Дибала – Јувентус