Поврзи се со нас

Фудбал

ФОТО: Реал Мадрид му нудел богатство на Меси, но еве зошто не се реализирал трансферот

Италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио, кој важи за „трансфер гуру“, односно за новинар кој е добро упатен за информациите на трансфер пазарот во Европа. Тој објави дека во 2013-та година Реал Мадрид се обидел да го ангажира Лионел Меси. Во тоа време му понудил на Аргентинецот 23 милиони евра годишна плата, плус да прати приватен авион по него, а преговорите требале да се спроведат во тајност.

Сепак, првиот човек на тимот Флорентино Перез, кој инсистирал на оваа „операција“, кога стапил во контакт со Меси, без да му презентира детали од договорот кој би бил за осум години, добил НЕ од „Волшебникот“.

Инаку, во овој преоден рок Меси како што е познато сакаше да замине од Барселона. Сепак раководството го спречи тоа, барајќи 700 милиони евра обештетување, сума која е наведена во договорот. Следното лето договорот на Меси со Барселона истекува, па останува да се види дали ќе биде продолжен или тој ќе замине како слободен играч.

 

Advertisement

Facebook

Реклама