Connect with us

Фудбал

ФОТО: Роналдо објави фотографија што ги “запали” навивачите на Јувентус

Кристијано Роналдо започна нов живот ова лето во Торино.

По девет години во Мадрид, каде што го носеше дресот на Реал Мадрид, Португалецот одлучи да потпише за Јувентус и сега ужива во северниот дел на Италија.

Кристијано по потпишувањето за Старата дама доби многу фанови, но вчерашната објава на Instagram целосно ги “запали” навивачите на Јуве.

Најдобар играч во светот со својата фамилија се фотографираа. Сите беа во дресот на Бјанконерите, а Роналдо остави краток коментар.

“Црно – бело семејство”.

Се разбира, ова беше воодушевувачки за навивачите на италијанскиот шампион. За само 10 минути, фотографијата беше лајкувана од милиони луѓе, а по десетина часа, бројот на лајкови порасна на неверојатни 8,5 милиони.

Роналдо полека но сигурно го освојува Торино на сите можни начини.

View this post on Instagram

La famiglia bianconera! #finoallafine

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on