Connect with us

Фудбал

ФОТО: Роналдо преку социјалните мрежи соопшти каде ќе биде следната сезона

Јувентус сезонава ја освои деветата последователна титула во последните 10 години. Во изминатата деценија „Сарата дама“ максимално доминира во Италија, а само Милан успеал да освои една титула во изминатите десет години, останатите сезони му припаднале на тимот од Торино.

По завршувањето на оваа сезона многумина го поставија прашањето дали Роналдо ќе остане. Потврдата стигна од него, кој на инстаграм објави фотографија од деветата освоена титула, а под која меѓудругото напиша:

-Одиме по мојата трета!

Од доаѓањето во Јувентус, Роналдо освои две шампионски титули, па веројатно сака хет-трик.