Connect with us

Фудбал

ФОТО: Само што летна за Париз, Барселона го тргна Меси од стадионот „Кам Ноу“

Меси слета во Париз каде што ќе потпише договор со ПСЖ. Иако разделбата беше емотивна, бидејќи Аргентинецот од Барселона заминува по 21 година, сепак каталонскиот тим не чекаше долго за да го тргне од „Камп Ноу“.

Имено, на влезот има огромна фотографија од неколку фудбалери, се разбира и од Меси, но веднаш откако тој летна за Париз, стигнаа работниците и машините и неговиот лик повеќе нема да стои на ова место.