Connect with us

Фудбал

ФОТО: Се огласи Гранде Пандев-Сакам следната сезона да ја почувствувам атмосферата на „Мараси“

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев како најдобар стрелец на Џенова ја завршува оваа сезона во Серие А. Во последното коло, против Верона, со победата од 3:0 обезбедија опстанок во лигата.

Пандев сакаше да се повлече од активното играње на фудбал, но пензијата ќе се одложи поради коронавирусот, бидејќи поместени се сите натпреварувања.

Според она што тој го напиша на Инстаграм и следната сезона ќе го гледаме во дресот на Џенова.

-Среќен сум што опстанокот ни донесе олеснување на сите во црвено-сините срца. Одиме напред со самодоверба. Шампионатот е завршен, а следниот нè очекува. Би сакал и следната сезона да ја почуствувам и доживеам атмосферата на ‘Мараси’, напиша Горан Пандев на Иснтаграм.