Connect with us

Фудбал

ФОТО: Се сеќавате ли на играчот на Лацио за кој никој не веруваше дека има 18 години?!

Жозеп Минала во 2014-та година се најде во центарот на вниманието на италијанската јавност.Тогаш момчето со неполни 18 години поради својот изглед беше сметан за измамник. Речиси и да не постоеше некој кој не веруваше дека е постар од 18 години. Обвинувањата беа сериозни дури дека има и 40 години.

Меѓутоа со разни прегледи подоцна е докажано дека навистина има толку години колку што се тврди, а неговиот агент изјавуваше дека неговиот постар изглед е поради тешкиот живот. Кога беше докажано со прегледите, приказните и обвинувањата исчезнаа. Минала тогаш играше за Лацио, но настапи само на три меча, а често пати беше на позајмици. Шест години подоцна Камерунецот го носи дресот на кинескиот Киндао Хуанџи. Пред еден месец го прослави својот 24 роденден. Се верува дека би имал подобра кариера да не беа озборувањата за неговите години.