Connect with us

Фудбал

ФОТО: Се врати насмевката на нивните лица, тренингот одработен во полн состав и добра атмосфера

По поразот од Австрија и сето она што се случуваше, македонската фудбалска репрезентација денеска одработи тренинг. Почнаа подготовките за мечот со Украина, кој секако е многу биден за нас од резултатска гледна точка. Со пораз ќе биде крај на сите надежи за поголем успех од само пласман на ЕП, а победа и тоа како ќе ни даде „ветер во грб“ за фаворизираната Холандија на 21 јуни во Амстердам.

Но, она што е битно е тоа дека по средувањето на импресиите, одработен е тренинг во полн состав и во добра атмосфера. Како што може да се забележи насмевката се врати на лицата на фудбалерите.

Мечот со Украина се игра на 17-ти јуни со почеток во 15:00 часот.