Кошарка
ФОТО: Шпанецот ја воодушеви јавноста, се дружеше со ќерките на Коби Брајант
Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња настрада кон крајот на јануари во хеликоптерска несреќа која се случи во близина на Лос Анџелес. Освен него, во несреќата загина и неговата ќерка Џиана. Смртта на Коби Брајант го потресе кошаркарскиот свет, а многумина со денови беа во шок. Сите се надеваа дека станува збор за лажни информации, но за жал се покажа дека е вистина.

Смртта на Коби го погоди и неговиот поранешен соиграч Пау Гасол. Шпанецот беше потиштен по неговото загинување. Уште тогаш вети дека ќе се грижи за неговото семејство и ќе им биде на располагање за се што ќе им затреба. Дека не беа само празни зборови, покажа Венеса Брајант, сопругата на Коби, која на Инстаграм објави фотографии кои ја воодушевија јавноста. Имено, Гасол ја посетил Ванеса и нејзините ќерки, па малку се дружеше со нив и им пружи поддршка.
