Поврзи се со нас

Фудбал

ФОТО: Што му порача Роналдо откако Нејмар стана подобар од него?

Пред Нејмар е уште еден голем предизвик, во репрезентативниот дрес. Тој на мечот со Перу во квалификациите за СП во 2022 година постигна три голови со што го надмина легендарниот Луис Назарио да Лима Роналдо на вечната листа на најдобри стрелци во дресот на Бразил. Нејмар има сега 64, Роналдо остана на 62. Сега останува да го стигне Пеле кој има 77.

Но, во манир на голем фудбалери и голема личност Роналдо преку социјалните мрежи се обрати на Нејмар.

-Кажете ми сега: Од каде дојдовме, до каде стигнавме? Кој ќе ни каже што е невозможно? Продолжи да веруваш во својот талент затоа што тоа никој не може да ти го одземе. Имаш многу рекорди кои треба да ги срушиш. Горд сум кога гледам Бразилци на врвот, напиша Роналдо.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама