Connect with us

Тајмаут

ФОТО: Што се случуваше по натпреварот? Вистински хаос на теренот на Алианс Арена

Вистински хаос настана по означувањето на крај од страна на судијата на натпреварот Баерн Минхен – Реал Мадрид.

Реал славеше победа со резултат од 2:1 во првиот натпревар од лигата на шампиони. Но, по завршувањето на натпреварот неколку навивачи влегоа на теренот од различни агли од арената.

Некои сакаа само да направат селфи со денес најпознатите фудбалери, додека пак другите ги уплашија играчите.

За цела среќа, обезбедувањето брзо реагираше, па веднаш беа фатени и исфрлени.

Дисциплинската комисија на Европската фудбалска унија (УЕФА) покрена истрага против Баерн Минхен поради влегувањето на теренот на навивачи по завршувањето на натпреварот со Реал Мадрид во полуфиналето од Лигата на шампионите.

Германските навивачи се симнаа на „Алијанц Арена“ кога судијата означи крај. Дел од нив сака селфи со некои од фудбалерите, а дел посегнаа по дресовите на своите миленици.

Баерн го очекува казна, исто како и за транспарентот со навредлива содржина поставен на трибините.

Конечната одлука за казната УЕФА ќе ја донесе на 31 мај.