Тајмаут
ФОТО: Синовите повеќе по стапките на мајката, најстариот син на Дејвид Бекам, ги лакира ноктите
Дејвид Бекам, фудбалска легенда. Име познато во целиот свет. Какви само голови постигнуваше во дресот на Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Милан, англиската репрезентација.
Има три сина, се надеваше дека барен еден од нив ќе тргне по неговите стапки, но како што се чини, повеќе одат по патот на нивната мајка Викторија Бекам.

Најстариот син, Бруклин Бекам, ги крши сите табуа, и отиде чекор подалеку кога е во прашање трендот и модата.
Почна редовно да ги лакира ноктите, а доказ за тоа се фотографиите кои самиот ги објавува.
Модата е она на што тој ќе се посвети.