Connect with us

Тајмаут

ФОТО: Сопруга на познат фудбалер: Не сум нимфоманка, повредите не се од маратонски се*с

Италијанската телевизиска презентерка Мелиса и фудбалерот Кевин Принс Боатенг, се сретнаа во 2011 година и се венчаа пред четири години. Тие имаат шестгодишен син Мадокс и очекуваат второ дете. Мелиса во  2012 година има изјавено: „Причината зошто Кевин е повреден толку често е затоа што имаме секс седум до 10 пати неделно.

-Мразам предигра, сакам да одам директно на тоа. Претпочитам да бидам на врвот за да можам да имам контрола, пишуваа тогаш таблоидите.

Коментарите оттогаш го следат Боатенг (32) низ неговата номадска кариера.

Играше во Шалке, се врати во Милан, потоа беше дел од Лас Палмас, Ајнтрахт Франкфурт, Сасуоло, Барселона и Фиорентина. Интернационалецот од Гана во моментов е на позајмица на турскиот клуб Бешикташ.

Сега Мелиса (33) за „Gazzetta dello Sport“ вели дека направила грешка во откривањето на роботите во спалната соба. Бринетата сега вели: Не можете да верувате во се. Мора да бидете многу внимателни во она што го кажувате во фудбалот, особено кога станува збор за сексот, вели таа.