Connect with us

Фудбал

ФОТО: Составот на Јувентус за мечот против Киево изгледа „страшно“

За кратко време ќе започне новата сезона во Серија А, а тоа значи само едно – деби на Кристијано Роналдо за новиот клуб.

Веројатно никогаш до сега не се очекувал ниту еден натпревар на Јуве со толкаво нетрпение како овој против Киево кој ќе се одигра за неколку денови.

Јувентус во 1. коло во сабота ќе му гостува на Киево, а некои медиуми веќе претпоставуваат како би требало да изгледа составот на „Старата дама“ на тој натпревар. Од тимот замина Гонзало Игуаин, па треба да очекуваме дека Кристијано Роналдо ќе биде класичен напаѓач, барем на почетокот на сезоната.

Покрај него, од фудбалерите кои стигнаа ова лето, во тимот би требало да биде и Леонардо Бонучи кој се врати од Милан, како и Емре Џан кој како слободен играч дојде од Ливерпул.

Можен состав на Јувентус против Киево: Шчесни, Квадрадо, Алекс Сандро, Кјелини, Бонучи, Пјаниќ, Емре Џан, Бернардески, Даглас Коста, Дибала, Кристијано Роналдо.