Поврзи се со нас

Фудбал

ФОТО: Ти благодариме Мурињо, за тие 5 сантиметри, цел свет дозна за нас

Жозе Мурињо по мечот со Шкендија на прес конференцијата изјави дека пред да почне мечот неговите голмани забележале дека стативите на Арената „Тодор Проески“ се пониски за 5 сантиметри. Реагирале кај делегатот, па стативите беа заменети. Од Акционерското друшство за стопанисување со станбен и деловен простор, кое управува со нашиот најголем стадион испратија демант попладнево за Мурињо, каде што велат дека стативите биле според правилата на УЕФА, но ги смениле само поради неговата реакција и поради мечот.

Но, Мурињо се фотографираше со стативите и фотката ја постави на неговиот Инстаграм. Благодарение на неговата објава цел свет дозна за Скопје, а се разбира коментарите се со потсмев. Португалецот направи реклама, но за жал таа е негативна. Повторно во очите на Европа и Светот сме „таму некоја земја“ од Балканот. Повторно на нас гледаат како некои чудаци кои не знаат ниту стативи како што треба да постават. Ти благодариме Мурињо што за тие 5 сантиметри целиот свет дозна за нас.

 

loading...

Facebook