Фудбал
ФОТО: Тим Македонија, утрински тренинг, подготовките за историското ЕП течат
Македонската фудбалска репрезентација го одработе утринскиот тренинг, втор по ред од вчера. Се уште сите не се дојдени, но полека се комплетира репрезентацијата за историскиот настап на ЕП. Како што е познато голем проблем е Енис Барди кој доби позитивен тест на коронавирус, но за среќа нема симптоми. Немал контакт со останатите играчи од репрезентацијата па сите се надеваат дека се ќе биде ок за патувањето во Букурешт каде на 13-ти јуни го играме првиот меч на ЕП и тоа против Австрија.