Connect with us

Фудбал

ФОТО: Трагедија во Италија, загина талент на Лацио

Трагедија го потресе италијанскиот град Рим, а најмногу клубот Лацио. Во сообраќајна несреќа загинал нивниот млад талент, 19-годишниот Даниел Гверини. Несреќата се случила синоќа околу 20 часот. Информацијата ја потврди Лацио преку социјалните мрежи изразувајќи сочуство до неговото семејство.

Гверини е член на младинските селекции на Италија, а во Лацио пристигна пред два месеци од Торино.