Connect with us

Ракомет

ФОТО: Вардар потврди, Талески и Георгиевски го облекоа црвено-црниот дрес

Беше најавено уште пред повеќе од еден месец, но денеска официјална потврда. Македонските репрезентативци Филип Талески и Гоце Георгиевски потпишаа за Вардар и го облекоа црвено-црниот дрес.

-Двајца репрезентативци на Македонија во новата сезона ќе го носат дресот на Вардар. Десното крило Гоце Георгиевски потпиша договор до 2022 година, додека левиот бек Филип Талески потпиша едногодишен договор“, стои во соопштението на Вардар.