Connect with us

Тајмаут

ФОТО: Забава во тешки времиња – Саутемптон и Манчестер Сити одиграа „икс-точка“

Денес, натпреварот во Премиер лигата требаше да го одиграат Саутемптон и Норвич, но од веќе познати причини не се играше.

Сепак, администраторите на Твитер страницата на Саутемптон најдоа нов вид забава играјќи „икс-точка“.

Така, тие ги предизвикаа администраторите на страницата на Твитер Норвич на партијата, „икс-точка“, но не добија одговор на нивниот предизвик.

На нивно барање, администраторите на Манчестер Сити одговорија и се одигра натпревар помеѓу администраторите на двата тима.

На крајот немаше победник, но сигурно ова беше добар начин да се забавуваат.