Connect with us

Фудбал

ФОТО: Започнаа градежни активности на стадионот во Битола

Овој проект веќе долго време го очекуваат битолчани, но до сега само ветувања без никаква реализација.

На отчетот по повод една година нова локална власт во Битола, градоначалничката Наташа Петровска рече дека оваа година општината ќе издвои 1.000.000 евра за изградба на северната трибина на стадионот под „Тумбе кафе“.

Денеска можеа да се забележат градежни активности на трибината од стадионот.

„Општина Битола во голема мерка го помага и спортот, а за финансирање на спортот издвои над 600.000 евра. Само за северната трибина на стадионот под Тумбе кафе годинава се извојуваат 1.000.000 евра“, рече Петровска на прес конференцијата.

Оваа сезона фудбалскиот клуб „Пелистер“ премина во втора лига.