Тајмаут
ФОТО: Затоа Даглас Коста избега во Бразил, објави фотка и ги поздрави фановите, се враќам во Италија на 3-ти април
Даглас Коста, по неговиот негативен тест на коронавирус „избега“ во родниот Бразил. Медиумите пишуваа дека заминал без дозвола од клубот, но потоа Јувентус соопшти дека тој и Игуаин, како и уште неколку играчи добиле дозвола да ја напуштат изолацијата.
Даглас Коста веднаш се фрли во прегратките на неговата атрактивна девојка Наталија Феликс и им порача на фановите дека во Италија се враќа на 3-ти април.
Но, според процедурите и кога ќе се врати ќе мора да помине 14 дена во карантин.
View this post on Instagram
