Connect with us

Фудбал

Фотографиите од Росариo пред финалето на Копа Америка го обиколуваат светот

Репрезентацијата на Аргентина вечерва го игра финалето на Копа Америка против Бразил.

Аргентинците повторно успеаја да стигнат до финалето на Копа Америка и се надеваат дека овој пат конечно ќе ја освојат титулата.

„Гаучосите“ играа трипати во финалето на ова натпреварување во претходните десет години, но претрпеа пораз на сите натпревари.

Во центарот на вниманието пред вечерашниот натпревар беше Лионел Меси, за кого ова е една од последните шанси за освојување на титулата со репрезентацијата на Аргентина, што е единствено што му недостасува во богатата кариера.

Многумина велат дека Меси мора да стигне до титулата со Аргентина доколку сака да биде најдобриот играч на сите времиња, а вечерва ќе има шанса да го стори тоа против Бразил.

Јасно е дека Меси е под огромен притисок бидејќи веќе загуби три финалиња на Копа Америка и едно финале на Светско првенство.

Каква поддршка има во Аргентина, најдобро покажуваат фотографиите од неговиот роден град Росарио, каде што највисоката зграда во овој град е на сликите со нивниот херој.

Фотографиите од Росарио го обиколија светот и аргентинската јавност се надева дека ова конечно ќе им донесе среќа на Меси и на неговите соиграчи и дека ќе успеат да се вратат дома со титулата во Копа Америка.

За потсетување, натпреварот помеѓу Бразил и Аргентина се игра два часа по полноќ на легендарната Маракана во Рио де Жанеиро.