Connect with us

Фудбал

Фотографија која го израдува и селекторот на Македонија-„Дијамантот“ се врати на тренинзите

Македонскиот „дијамант“, како што го нарекуваат популарно Елиф Елмас се врати на тренинзите на Наполи. Коронавирусот за него е минато, а по изолацијата, конечно им се приклучи на останатите фудбалери на италијанскиот тим.

За два дена Наполи му гостува на Реал Сосиедад во рамките од Лига Европа, тешко е да се верува дека ќе настапи на овој дуел поради отсуството, но сепак има доволно време да се врати во натпреварувачка форма барем за македонската фудбалска репрезентација која на 12-ти следнииот месец на гостински терен го игра најважниот меч во историјата, а тоа е финалето од плејофот во Лигата на нации против Грузија.

Победа на овој меч ќе значи пласман на Европското првенство. Оваа фотографија од тренингот на Наполи сигурно го израдува и селекторот на Македонија, Игор Ангеловски.