Фудбал
Фотографија од Мануел Нојер од синоќешната игра го обиколи светот (ФОТО)
Фудбалерите на Баерн синоќа се пласираа во финалето на Светското клупско првенство.
Баварците синоќа во полуфиналето играа против Ал Ахли и успеаа да победат со 2:0. Херој на германскиот клуб повторно беше Роберт Левандовски кој ги постигна двата гола.
Но, во центарот на вниманието по натпреварот беше Мануел Нојер кој немаше премногу работа на овој натпревар.
Познато е дека Нојер сака да излезе од голот кога неговиот тим напаѓа, а синоќа беше „фатен“ од фоторепортерите кога дојде дури до центарот додека Баерн беше во напад.
И оваа фотографија најдобро покажува каква доминација има Баерн на натпреварите во последно време.