Connect with us

Фудбал

Франција го има најскапиот тим од сите полуфиналисти

Француската фудбалска репрезентација е најскапа од сите полуфиналисти на Мудијалот во Русија. Вредноста на „триколорите“ е 1,4 милијарди евра, според Меѓународниот центар за спортски студии (ЦИЕС).

Веднаш по француската е англиската репрезентација со 1,3 милијарди. Белгија е проценета на 837 милиони, додека Хрватска на 416 милиони.

Најголема вредност од фудбалерите, според има ЦИЕС има капитенот на Англија Хари Кејн со 210 милиони, 14 повеќе од францускиот напаѓач Килијан Мбеапе.

Во белгискиот тим Кевин Де Бруне и Ромелу Лукаку се највредните со 162 милиони, а во Хрватска Иван Ракитиќ со 68 милиони.

Утревечер во првото полуфинале играат Франција и Белгија во Санкт Петербург, додека в среда во Москва се среќаваат Англија и Хрватска.