Фудбал
Франција го „уништи“ и понижи Казахстан, црногорски шок за Холандија
Од европските квалификации дознавме уште еден учесник на Светското првенство во Катар.
Во периодот од 20:45 часот се одиграа четири дуели од деветтото коло, а билетот за Катар го чекираа Французите, додека Холанѓаните беа шокирани во Подгорица.
Холанѓаните ремизираа 2:2 со Црна Гора во групата Г и со тоа ја икомплицираја од ситуацијата во групата пред крајот на колото. Двоен стрелец за Холандија беше Депај, а за домашните погодија Вукотиќ и Вујновиќ. Коло пред крајот Холандија, Турција и Норвешка имаат шанса за пласман и ќе биде тотално лудило.
Франција го „уништи“ Казахстан со 8:0 и со тоа го обезбеди патот до Светското првенство како првопласирана селекција. Четири гола постигна Мбапе, два гола Бензема, Рабиот и Гризман постигнаа по еден, додека ВАР го поништи голот на Диаби.
Во групата Е, Белгија претходно го обезбеди првото место, а вечерва ја совлада Естонија со 3:1. Во истата група, Велс беше убедлив против Белорусија со 5:1 и им побегна на Чесите три бода пред последното коло во борбата за второто место и пласманот во плеј-офот.