Connect with us

Фудбал

Французи ке ја делат правдата на натпреварот Италија – Македонија

На 24 март во Палермо, Македонија ќе гостува кај моќната Италија во полуфиналниот натпревар од баражот за пласман на Светското првенство во Катар.

УЕФА веќе ги одреди судиите за бараж натпреварите за Светското првенсвто во Катар, а правда во Палермо ќе ја дели судиска тројка од Франција предводена од Клемен Турпин.

Клемен Турпин има искуство во големите европски натпреварувања, а последен натпревар на кој Французинот делел правда (надвор од Франција), беше на натпреварот помеѓу Вест Хем и Севиља во Лигата на Европа, каде англичаните победија со 2:0.