Connect with us

Фудбал

Французин секогаш игра со завој: Фотографите успеаја да ја „фатат“ раката на Бензема без завој

Карим Бензема веќе две години игра со завој на десната рака.

Беше јануари 2019 година. Реал Мадрид играше против Бетис и Карим Бензема мораше да ја напушти играта поради повреда по судирот со Марко Бартра.

Од тогаш одличниот напаѓач игра со завој. Впечаток е дека во меѓувреме, тој почна да обезбедува подобри игри отколку кога не носеше завој, па завојот стана знак на суеверие кај францускиот голгетер.

По првите информации за повредата, се претпоставуваше дека Бензема ќе мора да паузира два месеци за операцијата на скршениот прст, но тој одлучи да почека до крајот на сезоната.

Тогашниот тренер Солари го потврди играњето на Бензема со повреда, што беше голем ризик бидејќи скршениот дел од раката мора да биде многу добро заштитен.

Во летото 2019 година, Французинот одлучи да изврши операција за да го врати прстот во нормална состојба, бидејќи коската не заздрави на најдобар начин. Сепак, операцијата не беше извршена како што беше планирано.

Ако се оди добро на операционата маса, минималната пауза е два месеци. Но, бидејќи новата сезона брзо започна календарот на натпревари едноставно не дозволи операција.

Така, Бензема им се придружи на соиграчите и почна да игра игри со завој околу десната рака. Оттогаш, тој едноставно немаше време да отиде под нож и да го реши проблемот.

Во пресрет на неодамнешниот репрезентативен собир, фотографите успеаја да го овековечат изгледот на раката на Бензема, каде што е јасно дека прстот е скршен и дека 33-годишникот едноставно не може да го исправи.

Сепак, без оглед на тој хендикеп, Бензема многу добро се прилагоди на ситуацијата, па минатата сезона успеа да постигне 30 гола за Реал и четири за француската репрезентација на Европското првенство.

Сепак, нема сомнение дека еден ден Бензема ќе треба да го исправи прстот, но изгледа дека не брза, особено ако во меѓувреме стана суеверен и верува дека завојот му носи среќа.