Connect with us

Ракомет

Французите останаа без Сораиндо, Карабатиќ негова замена

Француската репрезентација на вчерашното дерби со Германија, уште во почетните минути остана без капитен Седрик Сораиндо кој се здоби со повреда на листот и мора да оди на детални испитувања за да се утврди сериозноста на повредата.

Француските медиуми пишуваат дека ова може да биде крај на него за ова првенство, а како негова замена треба да се појави Никола Карабатиќ.

Ова ќе значи дека на местото на едниот капитен, се враќа другиот. Карабатиќ е повреден речиси половина година и вели дека е подготвен да заигра иако долго време не е на теренот.

Сепак, останува да се види колку ќе може да помогне искусниот ракометар по долгата пауза.

МИА