Фудбал
Фудбалер и неговата партнерка уапсени на аеродром со 100 килограми кокаин!
Фудбалер од Мартиник и неговата партнерка неодамна беа уапсени на аеродромот Роаси со повеќе од 100 килограми кокаин скриени во куфери, пишува Ле Паризиен.
Станува збор за фудбалер од средниот ред на клубот Аиглон ду Ламентин, Жан-Мануел Недра (29).
Брачниот пар во средата бил изведен пред истражен судија, соопшти обвинителството. Фудбалерот е ставен во истражен затвор, а неговиот сопатник пуштен под судски надзор.
„Без да го знаеме степенот на неговата вклученост, дознавме дека еден од нашите играчи е уапсен во Роаси за шверц на дрога“, порачаа од клубот Аиглон ду Ламентин во кратката порака до локалниот печат.
Инаку, Мартиник е земја, или поточно француски прекуокеански регион.