Connect with us

Фудбал

Фудбалер во Србија почина по срцев удар на тренинг

Тажна вест пристигнува од Србија. На 30-годишна возраст почина Александар Круниќ, член на српскиот нисколигаш Раднички од Ратково.

Круниќ доживеа срцев удар на тренингот на неговиот тим, брзата помош реагираше брзо, но спас немаше.

Тој починал на пат кон болница.

„Фанови, познаници и следбеници. Со големо жалење ве известуваме дека нашиот пријател, брат и соиграч го остави срцето на теренот. Ќе бараме начин долично да се збогуваме од тебе“, стои во соопштението на неговиот клуб.

Погребот беше извршен вчера на православните гробишта во Ратково.

Раднички се натпреварува во Окружната лига Сомбор, 5. ранг и моментално е на второто место на табелата.

Реклама

Facebook

Реклама