Фудбал
Фудбалерите на Ал Ахли го напуштија теренот, задушени од чадот откако полицијата испука димни бомби (ФОТО)
Полуфиналниот натпревар од плеј-офот во Африканската Лига на шампиони помеѓу Есперанс Тунис и Ал Ахли е одложен.
Пред стадионот Хамади Агреби во Радеш имаше жестоки судири меѓу навивачите на тунискиот гигант и полицијата, кои испукаа димни бомби за да воведат ред.
Чадот заврши и на теренот, па играчите на Ал Ахли го напуштија теренот со забелешка дека се гушат и не можат да дишат.
Се претпоставува дека подоцна, кога ситуацијата ќе се смири, ќе се одигра првиот натпревар од полуфиналето, а реваншот е закажан за шест дена. Потоа во Каиро Ал Ахли ќе биде домаќин на тунискиот шампион.
Во второто полуфинале се среќаваат Видад и Кајзер.
KICK-OFF of the CAF Champions League game between Espérance Tunis ?? and Al Ahly SC ?? is delayed due to crowd troubles leading to Police firing teargas and grenades.#TotalCAFCL #ESTASC pic.twitter.com/uJL3UDLPwL
— N U H U ®️ (@NuhuAdams_) June 19, 2021