Фудбал
Фудбалерите на Интер имаат причина за славје, „легнаа“ платите за јануари
Вчера медиумите на Апенините објавија дека Интер му должи пари за трансферот на Лукаку, како и дека не платиле рата која требале да ја исплатат уште пред неколку месеци. Сопствениците на Интер, компанијата Сунинг е во големи финансиски проблеми, поради тоа сакаат дури да го продадат клубот.
Денеска, се појавија информации дека фудбалерите на Интер ги добиле платите за јануари, а со тоа малку е смирена атмосферата во соблекувалната.
Исто така Интер договорил со Јунајтед ратата да биде пролонгирана до јуни 2021.