Connect with us

Фудбал

Фудбалерите на Милан не можеа да поднесат што Интер против нив слави тутула, па давеа играчи, удираа со лактови (ВИДЕО)

Интер синоќа го победи градскиот ривал со резултат 2:1 и со тоа ја обезбеди јубилејната 20-та шампионска титула на Италија во клупската историја, а кон крајот на натпреварот беа видени два моменти во кои паметот на фудбалерите на Милан затемнет.

Тео Хернандез по дуелот помеѓу Леао и Дамфрис во третата минута од судиското надополнување, жестоко го нападна Холанѓанецот и почна да го дави. Соиграчите едвај ги разделија, судијата веднаш ги исклучи и двајцата.

Недолго потоа, капитенот на Милан Давиде Калабрија беше исклучен додека се бореше пред голот на Интер при корнер.
Исклучен е затоа што намерно го удрил со лакт Фратези.