Connect with us

Тајмаут

Фудбалерите на Црвена звезда донираат респиратори и тестови за коронавирус

Фудбалерите на Црвена звезда собраа значителни средства со кои ќе купат неколку респиратори и тестови за коронавирус, потврдија од клубот.

Фудбалерите презедоа акција по своја иницијатива, веднаш откако тренерот Дејан Станковиќ донираше средства за респиратори, а парите беа брзо собрани и тие само чекаа да пристигнат респираторите.

Респираторите сега пристигнаа, а дел од средствата ќе бидат потрошени и за купување на тестови за коронавирусот.