Connect with us

Фудбал

Фудбалерот на Јунајтед не гледаше ништо на едното око во првото полувреме против ПСЖ

Манчестер јунајтед започна одлично со новата сезона во Лигата на шампионите.

„Црвените ѓаволи“ го шокираа ПСЖ во Париз и славеа победа од 1:2 со навистина многу добра игра на целиот тим.

Добра игра покажа и 23-годишниот играч за врска Скот Мектоминај. Тој дури го одигра првото полувреме со „едно око“. Менаџерот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјаер објасни што се случи.

„Играта на Скот во првото полувреме е уште поимпресивна кога се знае дека тој имаше само една контактна леќа. Тој, со едното око не го гледаше комплетното прво полувреме“, рече Солскјаер.

Головите за Јунајтед ги постигнаа Бруно Фернандес и Маркус Рашфорд.