Connect with us

Фудбал

Фудбалерот на Јувентус има три понуди, две доаѓаат од островот

Старо – новата, желба на Жозе Мурињо гласи Алекс Сандро!

Фудбалерот на Јувентус, ова лето би можел да се пресели на островот, пишува Газета.

Манчестер Јунајтед не е единствениот заинтересиран клуб, тој минатата година беше на прагот на Челзи, а сега работата би можела да биде завршена до крај.

Сепак, Јувентус сака да му го продолжи договорот и покрај тоа што оваа сезона не покажа некоја добра игра, а во еден момент и испадна од стартниот состав на клубот од Торино.

Понудата е вредна 5 милиони по сезона до 2023. година,  но доколку Матео Дармијан дојде во Јуве, кој е фудбалер на Јунајтед, може да се сменат некои работи.

Во овој момент лесно може да се замисли и трампа Сандро – Дармијан.