Connect with us

Фудбал

Фудбалерот на Штутгарт призна дека играл под лажно име и возраст

Фудбалерот на Штутгарт, Силас Вамангитука призна дека настапува под лажно име со години.

Младиот напаѓач, кој неодамна беше прогласен за најдобар „дебитант“ во Бундеслигата, објави дека игра под лажно име и со лажна возраст.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Silas (@silas_wamangituka_14)

Вистинското име на Вамангитуке е Силас Катомпа Мвумпа и тој не е 21 година, туку една година постар.

Германската Бундес лига денес даде изјава во која посочи дека еден менаџер во Белгија е виновен за сè што му се случило на ова момче.

Кога Силас дошол на проба во Андерлехт на 18-годишна возраст, менаџерот започнал да се плетка и му рекол дека нема да смее да се врати во Европа бидејќи визата му истекуваше брзо.

Поради тоа, тој понуди да му набави лажни документи. Тој на крајот го стори тоа, па во последните неколку години Катомпа Мвумпа играше под лажно име и возраст.

Од Штутгарт се надеваат дека челниците на Бундеслигата нема да го санкционираат клубот и најавија дека ќе поднесат тужба против менаџерот кој го измами талентираниот фудбалер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Silas (@silas_wamangituka_14)

Силас доби вистински документи од својата земја и во иднина ќе настапи под неговото вистинско име Силас Катомпа Мвумпа.

22-годишниот играч минатата сезона настапи на вкупно 27 натпревари и постигна 21 гол. Претходно играше за францускиот Париз ФК и за нисколигашот Алеш.