Фудбал
Фудбалерот пронајден жив, извлечен од под урнатините од силниот земјотрес во Турција
Добри вести од Турција, Кристијан Атсу е безбеден! 31-годишниот фудбалер беше заробен под урнатините по разорниот земјотрес повеќе од 24 часа и сега пиарот на неговиот клуб Хатајаспор Мустафа Озат откри дека Атсу е безбеден.
За жал, спортскиот директор на тимот, Танер Савут се уште е под урнатините.
“Кристијан Атсу беше извлечен од урнатините со повредите. За жал, нашиот спортски директор Танер Савут се уште е под урнатините. Хатај беше силно погоден, но се ближиме до крајот на најопасните часови”, изјави Мустафа Озат за Радио Гол.
Хатај беше погоден од земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала, чиј епицентар бил во Кахраманмарас, а под урнатините се најдоа многу спортисти. Само еден ден откако емотивно го прослави својот прв гол за Хатајаспор, Кристијан Атсу ја преживеа најголемата драма во животот и остана заробен под урнатините.